real estate menu left
real estate menu right

Консалтинг

Издаваштво

курсна листа

Банер

Цени на Горива

Цени на горивата од 07.10.2014

Д-Е 4 (еуродизел)

64,50 ден.

Еуросупер БС-95 77,00 ден.
Еуросупер БС-98 78,50 ден.

Радиодифузна такса

СУБЈЕКТИ КОИ МОРААТ ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА


(АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ бр. 07-1052/1,на членот 146 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност дадено од Собранието на РМ
на седницата одржана на 23 февруари 2011 година


Согласно член 146 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност ("Службен весник на РМ" 100 /05, 19/07, 103/08,  6/10 и 145/10), радиодифузна такса плаќаат правни лица и сопственици на деловен простор, на секои 20 вработени или други лица кои го користат деловниот простор, по една радиодифузна такса.

 


 

Автентичното толкување, дадено од страна на Собранието на РМ, за за членот 146 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност ("Службен весник на РМ" 100 /05, 19/07, 103/08,  6/10 и 145/10) е следното:  Радиодифузна такса плаќаат: правни лица и сопственици на деловен простор, на секои 20 вработени или други лица кои го користат деловниот простор, по една радиодифузна такса. ПРАВНИ ЛИЦА КОИ НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ОДНОСНО КОИ ДОБИВААТ СТАТУС НА ПРАВНО ЛИЦЕ СОГЛАСНО СО ДРУГИ ЗАКОНИ НЕМААТ ОБВРСКА ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА СОГЛАСНО СО ОВОј ЗАКОН.

Од горе кажаното, произлегува дека според член 146 став 1 алинеја 3 од Законот, обврска за плаќање на радиодифузна такса имаат:

  • трговските друштва (акционерското друштво - АД; друштвото со ограничена одговорност - ДОО; друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице - ДООЕЛ; јавно трговско друштво - ЈТД; командитно друштво - КД и командитно друштво со акции - КДА) и 
  • стопански интересни заедници.

 Трговците поединци, подружниците и претставништва, иако се регистрирани согласно Законот за трговските друштва, немаат својство на правно лице. Обврската за плаќање на радидифузната такса, според член 146 став 1 се однесува и на:

  • секое семејно домаќинство во Република Македонија;
  • хотели и мотели, по една радиодифузна такса за секои пет соби и
  • сопственици на угостителски и други јавни објекти опремени со радио или приемник, за секој приемник плаќаат по една радиодифузна такса.

 Семејно домаќинство кое има слепо лице со оштетување на видот од над 90% и глуво лице со оштетување на слухот од над 60 децибели утврдено согласно со прописите за инвалидско осигурување е ослободен од плаќање на радиодифузна такса за станот во кој живее неговото семејно домаќинство.

 

Search

Банер
Банер
Банер
Банер